(ФОТО) Volkswagen ќе „пензионира“ уште еден легендарен модел

Стигнаа некои нови времиња, во кои нема место за уште една легенда.

Верувале или не, Фолксваген одлучи дека најпродаваниот модел на седан нема да добие наследник. Претпоставувате, тоа е Passat, модел што е омилен меѓу европските клиенти со генерации. Но, тој беше истуркан од друг домашен модел, најпрво „Октавија“, а во последните години и „Суперб“.

Според Automotive News Europe, германскиот производител ќе го повлече моделот од американскиот и европскиот пазар. Оние пазари кои се најмногу склони кон овој модел ќе имаат чест да продолжат да го добиваат Passat и по 2023 година, но исклучиво во форма на караван. Од друга страна, „Шкода“, наводно, добила зелено светло за новиот „Суперб“, кој треба да ја задоволи жедта на поконзервативните клиенти посклони кон лимузините.

Сепак, ќе ги земеме овие вести со малку резерва. Имено, Пасат  е и натаму европскиот број 1, а само во октомври биле продадени 88.478 примероци. Во моментов Passat се произведува во погоните во Емден каде во иднина ќе се произведуваат само електрични модели, прво ID.4, а потоа и електричниот седан познат како Aero B, базиран на концептот Space Vizzion.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Беко” воведува еколошки апарати за здрава планета

„Беко”, водечкиот бренд за апарати за домаќинство во Европа, верува дека луѓето и планетата се …