За многумина, малиот Твизи е само пречка на патот, но сега доаѓа во пакет што дефинитивно ќе биде забележан.
Создаден е по идеја на оригиналот, прототипот Twizy F1 од 2013 година, со кој француската компанија се обиде да ја покаже поатрактивната страна на електричниот автомобил. Оваа копија е создадена во Британија и е потпишана од Oakley Design.
На сите им е јасно дека Формула 1 е инспирација и тука. Не се штедело, така што некои делови се направени од карбон. Тркалата доаѓаат и од мотоспортот, како и задното крило со дифузер одзади. Нема врати, а инсталирани се и специјални електрични ретровизори.
И, конечно, едно разочарување. И додека оригиналниот прототип има комплексен систем KERS со скоро 100 КС, тука погонот е стандарден. Во превод, има простор само за електрична енергија, а максимумот е 17 КС.
Цената е позната и првично е утврдена на 19,995 фунти