Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон нема да се натпреварува во трката за Големата награда на Сахир во Бахреин, бидејќи доби позитивен резултат по тестот на Ковид 19, официјално потврди Формула 1.
View this post on Instagram
Британецот е трет возач на Формула 1 во тековната сезона со позитивен тест за новиот вирус, а пред него трките ги пропуштија Серхио Перез (Силверстон) и Ленс Строл (Германија) поради инфекцијата.
Се очекува Мерцедес што поскоро да објави кој ќе биде замената за 35-годишниот Хамилтон.
View this post on Instagram
За да се врати на патеката, на Хамилтон му е потребен негативен тест, па оид знак на прашалник е неговото враќање на последната трка во сезоната во Абу Даби.
Хамилтон веќе ја обезбеди титулата во возачка конкуренција затоа што е на првото место во генералниот пласман со 131 поен повеќе од првиот вицешампион – соиграчот Валтери Ботас.
Трката во Бахреин е на програмата во недела, 6. декември, во 18:10 часот по средноевропско време.