(ФОТО) ИТНО НА ЛЕКАР! Белграѓанин открил нов симптом на корона!

Еден граѓанин на Белград на Фејсбук го споделил своето искуство по „ковид 19“ и предупредил зошто сината боја под ноктите е алармен сигнал и дека оние кои се лекуваат дома треба веднаш да контактираат со лекар доколку забележат нешто слично.
Меѓу бројните симптоми на ковид 19, од кои најчести се отежнато дишење, треска и кашлица, но и губење на чувството за мирис и вкус, пациентите пријавуваат и сина боја под ноктите на прстите.


Така, Игор Сандиќ од Белград рекол дека лекарите му објасниле дека тоа е знак на мала заситеност и дека треба веднаш да се јави на лекар.
„Драги мои, морам да споделам со вас едно од моите искуства + за кои ретко се зборува, и мислам дека е многу важно и може да биде корисно за луѓето кои се лекуваат сами од дома, без медицински надзор. Станува збор за појава на сина боја под ноктите на рацете (искрено, не ги погледнав ноктите на нозете). Изгледа како кога рацете ви се замрзнуваат од студ во зима, а ноктите стануваат сини. Ако ја забележите оваа појава кај себе, знајте дека тоа е алармен сигнал. Објаснувањето на лекарот што го добив гласи: Станува збор за ниска сатурација, односно за ниско ниво на кислород во крвта. Веднаш контактирајте лекар, кој треба да ви стави дополнителен кислород. Времето игра клучна улога тука! Појавата на сини нокти во мојот случај, иако бев на кислород во болницата, беше најава за висока температура над 40 C и дводневна тешка борба со температурата и најморбидните замисливи халуцинации (заслужуваат посебен текст). Се надевам дека ова ќе биде корисно за некого. Грижете се за себе и за вашите убави семејства“, напишал Игор.


Како што предупредуваат експертите на веб-страницата „Health line,“, синото под ноктите обично е знак на мала заситеност, односно недостаток на кислород во крвта и оваа состојба се нарекува цијаноза. Последица на тоа е сината боја на кожата под ноктите, слично како кога ноктите стануваат сини од студ во зима. Најчести причини се респираторна болест, пневмонија, згрутчување на крвта во белите дробови – сите се тесно поврзани со короната.



Инаку, порано кај пациенти со ковид се забележани промените во прстите. Лекарите ги нарекле ковид на прсти на пнозете и всушност се црвени или црвеникаво-виолетови отоци кои се чувствителни, чешаат и/или создаваат чувство на печење. Експертите објасниле дека оваа состојба може да предизвика мали блокади или микро-згрутчувања во крвните садови кои се наоѓаат на прстите на нозете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …