Ова се намирници кои би можеле да ви ги намалат шансите за разболување

КОГА започнува сезоната на грип, многумина прибегнуваат кон додатоци во исхраната за да се одбранат од несакани болести. Таквите производи можат да бидат ефикасни, но најдобриот лек лежи во кујната. Одредена храна може да помогне во одржувањето на силниот имунитет, а за порталот Delish, д-р Стефани Сасос ги набројала.

1. Цитруси
Цитрусите се богати со витамин Ц, затоа се препорачува да се вооружите со грејпфрут, портокали и лимони.

2. Печурки
Тие не само што содржат витамин Б, рибофлавин и ниацин, туку и селен.
„Селенот е неопходна хранлива материја што нашите тела не можат да ја создадат, па затоа треба да ја добиеме преку исхраната. Истражувањата покажуваат дека луѓето со ниско ниво на селен имаат намалена способност да реагираат на вирусни инфекции”, објаснува д-р Сасос.

3. Ферментирана храна
Краставици, маслинки и јогурт помагаат во одржување на нивото на здрави бактерии во цревата и го зголемуваат производството на антитела.

4. Црвена пиперка
Црвената пиперка содржи двојно повеќе витамин Ц од агрумите, и е одличен извор на бета каротен.

5. Брокула
Брокулата е полна со витамини А, Ц и Е, минерали и тони антиоксиданси.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Четири ПРИРОДНИ состојки кои ја намалуваат видливоста на ИРИТАНТНИТЕ СТРИИ

За жал, повеќето жени не можат да избегнат стрии, поради различни животни околности, и тие …