(ВИДЕО) Новата серија на Кајли Куоко, „Стрјуардеса“, простигнала на HBO GO

Веројатно ја познавате Кејли Куоко од серијата „Бенг, бенг теорија“, каде што таа ја играше малку неодговорната, но симпатична Пени. Сепак, нејзината нова улога е сосема поинаква – и едвај чекаме да ја видиме.


Серијата „Стјуардеси“ пристигнува на HBO GO, мрачен трилер во кој Куоко ја игра главната улога.
Ова е темна трилер комедија заснована на тоа како цел живот може да се смени преку ноќ. Стјуардесата Касандра Боуден (Кајли Куоко) се буди во хотелска соба во Дубаи, мамурлна од претходната вечер и наоѓа покрај себе мртво тело.Од страв да повика полиција, таа се однесува како ништо да не се случило и им се придружува на другите колеги и пилоти кои патуваат на аеродромот. Сепак, агентите на ФБИ ја дочекуваат во Њујорк и ја испрашуваат за нејзиниот престој во Дубаи. Не знаејќи што се случило таа вечер, таа почнува да се прашува дали е таа всушност убиецот.
Првата сезона од серијата „Стјуардеса“ веќе се емитуваше, а има вкупно има 8. епизоди. Од нив, првите три ќе бидат достапни на услугата за стриминг HBO GO. После тоа, секој четврток пристигнува нова епизода.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) ДРАМА во Истанбул: Убавата турска глумица открила дека го напушта снимањето поради болест

Неслихан се онесвестила за време на снимањето на серијата „Ќерката на амбасадорот“.   View this …