Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот, нашол начин да им помогне на колегите тенисери и нивните тренери за време на паузата.
Ѓоковиќ ја отворил вратата на својот тениски центар, каде инсталирал три дополнителни балони, со кои ќе може да се користи и теретаната.
Многу српски тенисери ќе можат да тренираат таму, а Новак ги поканил и Дамир Џумхур и Канаѓанецот Васек Поспишил.
Петар Поповиќ, тренерот на Дамир Џумхур, е воодушевен од потегот на Ѓоковиќ.
„Во зима, терените тука се многу скапи, особено за играчи кои се 700, 800 или 1.000 на листата“, го цитирале Петар Поповиќ од ранцускиот „Л’екип“.
View this post on Instagram
Покрај теренот и просторот за вежбање, Новак понудил и бесплатни оброци за играчите и членовите на нивните тимови, тие исто така ќе можат да ги користат услугите на физиотерапевти, услугите на шпанување на рекетите а ќе имаат и топчиња за работа.
Веќе пристигнале и првите играчи, тоа се Филип Крајиновиќ, Ласло Ѓере, Данило Петровиќ, Виктор Троицки, Марко Тепавац, Борис Бутулија, Хамад Меџедовиќ и Никола Чачиќ.
„Ќе има и неколку девојки како Олга Даниловиќ, приближно вкупно околу 15. тенисерки. Новак направи голема работа за нашата земја, тоа беше потребно за нас, особено за младите играчи. Ова е голема помош. Не гледам дека другите играчи во другите земји направија толку многу. Новак уште еднаш покажа колку е голем и колку мисли на другите“, заклучил Поповиќ.