„Кога паѓаш“ на Билјана Црвенковска првонаграден проект на INDUSTRY@TALLIN&BALTIC EVENT

На наше особено задоволство, ја информираме јавноста дека во четвртокот, на 26.11.2020 година, во рамки на Industry@Tallin&Baltic Event, тинејџерската ТВ серија во развој „Кога паѓаш“ [“When you fall”] на на познатата македонска авторка и сценаристка Билјана Црвенковска ја доби првата награда, односно Script Pool TV Award.
Се работи за брзорастечка регионална бизнис платформа која секој ноември, за време на Black Nights Film Festival, одржува петдневен самит и саем на професионалци од аудиовизуелната индустрија, со цел да воспостави конекции и точки на соработка помеѓу повеќе големи индустрии, со посебен фокус на поврзување скандинавската и балтичката филмска, забавувачка, технолошка и инвестицкиска индустрија со останатите континенти и глобално истакнати професионалци во областа.
При доделувањето на наградите, жирито кое ја додели Script Pool TV Award, за „Кога паѓаш“ рече:


-„Креаторите на победничкиот проект педантно и прецизно го истражиле светот во кој ја базираат нивната приказна. Вложиле многу труд обмислувајќи ја не само приказната што сакаат да ја раскажат, туку и начинот на кој би можеле подобро да допрат до таргетпубликата, правејќи таа да се заљуби во ликовите и истовремено подобрувајќи им го животот. Исто така клучно за нашата одлука беше задоволството да се види диверзитет во ликовите, вткаен во заплетот на многу природен начин.“
Пред само 10 дена, проект во развој на ОХО Продукција беше првонаграден на European Short Pitch [„Скакулци“, Ханис Багашов]. Во оваа прилика би сакале да изразиме голема благодарност до наградените автори, целиот тим на ОХО, како и до верната публика која будно нè следи и нè поддржува во сè. Нам ни останува уште да ги снимиме овие проекти.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Во петок во НОБ – Гала оперски концерт и „Болеро“ – Морис Равел

На 22.1.2021 поради големиот интерес повторно на репертоарот на Националната опера и балет ќе се …