(ВИДЕО) Малечкиот Михаил има потреба од НАША помош: Повредата при раѓање му ја парализирала раката – за лекувањето потребни се 15.000 евра!“

Повреда при раѓањето на третото дете им го промени текот на животот. Семејството Ристоски од Тетово речиси две години во потрага по лек за синот Михаил. Со дијагноза – парализа на левата рака и по денови поминати со болнички третмани, добиваат надеж од клиника во Белград, соседна Србија, но за целокупното лекување и за престојот потребни им се 15.000 евра, кои не можат самите да ги обезбедат.
До пред 7 месеци, Михаил добивал терапија во Заводот за физикална медицина во Козле, која само му помогнала да не му атрофира раката, но не и да почне да му работи. За лекувањето во Србија се обратиле за помош до Фондот за здравствено осигурување, но добиле негативен одговор.


Како млад брачен пар, Ристоски не очекувале вакво нешто. Помислиле дека можат да се изборат со оваа неволја, но не било така лесно.
Семејството бара помош од хумани граѓани. Секој кој сака, во рамките на своите можности, да донира средства за лекувањето на малиот Михаил, за да може да се врати нормалната функција на неговата рака.

Жиро сметка
240197107964904 Уни Банка
на име Мирослав Ристоски

Извор: telma.com.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПРОБЛЕМИ СО СПИЕЊЕТО: 10. начини да ја победите несоницата

Дали сте од оние кои кога ќе легнат никако не можат да заспијат? Без грижа,  …