(ВИДЕО) Две тешки болести го однеле фудбалерот кого го нарекувале „Орман“

По смртта на Диего Марадона, фудбалскиот свет го погоди уште една трагедија, бидејќи почина и Папа Буба Диоп.
Еден од најдобрите африкански фудбалери на сите времиња почина во Париз, на 42-годишна возраст, по долга борба со болеста.
Според медиумите, тој страдал од Шаркот-Мари-Тотова болест, што предизвикува губење на мускулното ткиво и чувство на допир во делови од телото, а наводно му била дијагностицирана и амиотрофична латерална склероза.
Буба Диоп влезе во историјата на светскиот фудбал откако го постигна својот прв гол во 2002 година, на Светското првенство.
Неговиот погодок беше доволен за победа на Сенегал над Франција, тогаш бранител на светската титула.
По Светското првенство, одличните игри во дресот на Ленс му обезбедија одење во Премиер лигата, односно Фулам.
Тој помина три сезони во Лондон и се здоби со статус на еден од најдобрите дефанзивно ориентирани играчи од средниот ред.
Потоа го доби прекарот – „Орман“, поради неговата физичка супериорност над ривалите затоа што беше висок 196 сантиметри.
„Тој е играч кој има вештина во нозете, постигнува голови, брани добро, добро лизга и има одличен ритам. Неговиот раст и неговите способности се единствени во Премиер лигата“, изјавил тогашниот менаџер на Фулам, Крис Колман.
Легендарниот Пол Сколс со избрани зборови зборувал за Буба Диоп.
„Залудно губите време ако сакате физички да се натпреварувате со него“, рече Сколс.
По Фулам, тој играл за Портсмут, а патот потоа го водел до атински АЕК, па Вест Хем, за да ја заврши кариерата во Бирмингем во 2013. година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Џули во Белград дошла поради Ѓоковиќ – „Најдобар ден во мојот живот“

Еден од можеби најверните обожаватели на Новак Ѓоковиќ, Џули, го посетила Белград и ја искористилс …