Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон триумфираше на трката за Големата награда на Бахреин, 15-та трка од годинашниот шампионат во Формула 1, што беше обележана со инцидент во кој Роман Грожан скокна од запален болид.
Хамилтон на тој начин ја забележа 11-та победа оваа сезона, и 95-та во кариерата, додека водеше од стартот до целта на патеката „Сакир“. Второто место го зазеде возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, кој исто така доби бод за најбрз круг, додека неговиот тимски колега Александар Албон беше на третата скала од подиумот.
Сепак, сето тоа остана во сенка на големи инциденти, особено оној што се случи во првиот круг. Потоа се виде една од најстрашните несреќи во последните години во Формула 1, бидејќи францускиот возач нагло се сврти надесно, го удри Данило Квјат во болидот на Ред Бул и ја погоди заштитната ограда. Од силината на ударот, оградата е скршена, автомобилот е преполовен и потоа запален, но за среќа Грожан успеал да излезе од него, и благодарение на присебноста и реакцијата на медицинскиот персонал покрај патеката.
We are so thankful that Romain Grosjean was able to walk away from this. We did not need a reminder of the bravery and brilliance of our drivers, marshals, and medical teams, nor of the advances in safety in our sport, but we truly got one today#BahrainGP 🇧🇭 #F1 pic.twitter.com/z8OeTU5Nem
— Formula 1 (@F1) November 29, 2020
Францускиот возач беше веднаш пренесен во болницата за подетални прегледи, но за среќа се спаси од големи повреди. Тој инцидент доведе до одложување на продолжението на трката за скоро час и половина, а кога започна, се виде нова несреќа, бидејќи Квјат го катапултираше возачот на Рејсинг Поинт, Ленс Строл, чиј болид остана наопаку во средината на патеката. Канаѓанецот помина без повреди, додека на патеката излезе безбедносно возило, кое остана неколку круга на неа и повторно се појави во самиот финиш, па трката заврши во тој режим. Безбедносното возило излезе откако му пукна моторот на тимскиот колега на Строл, Серхио Перез, а автомобилот потоа се запали.
Најдобрите тројца ги следеше дуото на Мекларен, Ландо Норис и Карлос Саинс, кои излегоа како победници во борбите со возачите на Рено и Пјер Гасли во болидот на Алфа Таури. Гасли беше шести, пред Рикардо и Валтери Ботас во другиот Мерцедес, кои имаа проблематична трка по исклучително лошиот старт. Освојувачите за поени ги комплетираа возачот на Окон и Ферари, Чарлс Леклерк, додека Квјат беше 11, откако одработи казна од 10 секунди за предизвикување на несреќата со Строл. Тој инцидент го погоди и Себастијан Фетел во болидот на Ферари, кој загуби неколку позиции за да го избегне Русинот и не можеше да се пласира подобро од 13-то место.
Congrats to Lewis and to @redbullracing – that's the team's first double podium since the 2017 Japanese Grand Prix 👏#BahrainGP 🇧🇭 #F1 pic.twitter.com/DZAHgRMUgh
— Formula 1 (@F1) November 29, 2020
Пред две недели во Турција Хамилтон ја обезбеди седмата титула светски шампион, а пред последните две трки во сезоната има 332 бода на врвот од генералниот пласман, Ботас е втор со 201, следен од Ферстапен со 189.
Овогодинешниот шампионат во Формула 1 продолжува следниот викенд со ГП на Сакира, исто така во Бахреин, но на друга конфигурација на патеката.