(ВИДЕО+ФОТО) Хорор во Формула 1: Болид експлодира, за среќа возачот преживеа!

Морничави сцени го означија почетокот на трката во Бахреин, каде само со огромна среќа Роман Грожан извади жива глава, бидејќи успеа да излезе од уништениот автомобил што гореше.
Страв и ужас. Французинот започна агресивно да престигнува, имаше контакт со Данило Квајт и удри во заштитната ограда, која практично ја пресече на половина, а неговиот автомобил беше целосно уништен.
Од силината на ударот, заштитниот резервоар бил пробиен и на крајот се запалил.

Секако, трката во Бахреин беше веднаш прекината, беше подигнато црвеното знаме. Неизвесноста траеше неколку минути за тоа дали Грожан е добро, за неговиот тим да проговори. Од Хас рекоа дека сè е во ред со Грожан. Има помали изгореници на рацете и глуждовите и моментално оди на лекар.

Едноставно е неверојатно како Французинот остана присебен во ваква морничава и комплицирана ситуација. Автомобилот се претвори во факел, а тој остана смирен и успеа да се откопча, да го помести потпирачот за грб и да излезе од возилото.
На крајот, беше добиена потврда дека ќе бидат потребни минимум уште 45. минути за да се продолжи трката во Бахреин, бидејќи делот од заштитната ограда што е исечен мора да се смени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Новак за еден ден од тениски негативец до херој

Новак Ѓоковиќ во последно време е постојано на мета на светските медиуми, притисокот врз најдобриот …