Приведен лекарот на Марадони: Ќерките на Диего го обвинуваат за смртта на нивниот татко!

Хаосот во Аргентина поради смртта на Диего Армандо Марадона не стивнува. Од родната земја на неодамна починатиот бог на фудбалот, пристигнуваат вести дека е уапсен неговиот личен лекар Леополдо Луке, кого ќерките на Марадона го обвиниле за смртта на Диего поради небрежност.
Човекот кој имал привилегија да му биде доверен третманот на поранешниот ас на Барселона и Наполи, како и човекот кој на „гаучосите“ им ја донесе титулата светски шампион, е под истрага на обвинителството, поради наводни пропусти и небрежност во третманот на Марадона.


Неговите ќерки Џанина, Далма и Јана се обратиле до обвинителството и побарале итна истрага. Дури 60 полицајци учествувале во полициската рација, што се случила на две адреси каде Луке минува најмногу време, болници и клиники.
Локалните медиуми јавуваат дека биле одземени сите документи и медицинските наоди на Марадона кои биле со Луке, а кои би можеле да помогнат како доказ во истрагата.

Добро познатиот лекар е обвинет дека не ги испочитувал сите потребни процедури при отпуштањето на Марадона од болница, и дека неговиот немар влијаел славниот Аргентинец трагично да заврши.

Тој едноставно немал соодветна и брза медицинска нега. Исто така, она што е особено неверојатно е кога Луке повикал брза помош бидејќи на Марадона му се слошило, тој во разговор со диспечерот рекол само дека му се слошило на човек на 60-годишна возраст, без да наведе дека станува збор за Марадона.

Луке не бил со Марадона за време на неговата смрт, а тој ќе се појави на суд во понеделник, каде ќе биде „решетаат“ со прашања поврзани со пропусти при отпуштањето на Диего Армандо Марадона од болницата, неколку дена по операцијата поради хематом на мозокот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Фотографијата на Роналдо и Мбапе од тунелот после натпреварот е хит на интернет

ФРАНЦИЈА и Португалија одиграа 2:2 во последното коло од групната фаза на Европското првенство. На …