„Договор беше заедно да умреме на бината, Миша порани!“

Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на „Рибља чорба“, го објави својот статус на официјалната страница на Фејсбук на групата, преку кој се прости од својот долгогодишен пријател Мишо Алексиќ, бас гитарист на групата.

„Мојот брат, Миша, почина утрово. Тој се бореше како лав до последниот здив. Заедно свиревме 42. години и не можам да замислам да го нема. 42. години никогаш не сме се погледнале грдо, а камоли да сме се скарале. Не можам да замислам свирка без него. Се согласивме да умреме на сцената, а тој побрза. Ти благодарам брат за сè. Бора“, објавена е пораката на Ѓорѓевиќ на официјалната страница на „Рибља чорба“.

Миша бил заразен со коронавирус, а од 13 ноември бил на лекување во КБЦ „Бежанијска коса“, а неодамна неговата состојба се влошила и завршил на респиратор. Тој почина денес.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Путин во повод Богојавление се нурнал во ледената вода

Рускиот претседател Владимир Путин се нурнал во ледената вода во московскиот регион по повод православниот …