Жена од Сингапур, која била заразена со коронавирус за време на бременоста во март, родила бебе кое има антитела, што им дало на научниците нови докази дека ковид-19 може да се пренесе од мајка на фетусот.
Бебето, кое е родено на почетокот на ноември, нема коронавирус, но има антитела, објави телевизија Ал Џезира, повикувајќи се на „Стрејтс тајмс“, кој ги пренесува зборовите на мајката.
„Мојот лекар претпоставува дека ги пренесов своите антитела на бебето за време на бременоста“, рекла Селин Нг-Чан.
Таа имала лесна форма на инфекција и поминала, заради превенција, две недели во болницата, пренесува Ројтерс.
Светската здравствена организација сè уште не знае дали бремените жени можат да ја пренесат инфекцијата на фетусот за време на бременост или породувањето, сепак, овој случај покажал дека е можно.
До денес, вирусот не е пронајден во течности околу бебето во матката или во мајчиното млеко.
Преносот на вирусот од мајка на новороденче е редок, соопштиле лекарите од универзитетот Њујорк-Презвитеријан и Колумбија во октомври.

Во Сингапур е родено бебе со антитела на коронавирусот
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.