Семејството Арагонес не сакало ништо друго освен да ги врати своите животи во нормала, и по осум месеци строга претпазливост, си дозволиле еден исклучок од почитувањето на мерките против ширењето на коронавирусот – роденденска забава на која присуствувале 12 лица.
Сепак, она што било замислено како брза прослава, се претворило во кошмар, бидејќи сите 12. членови на семејството, кои присуствувале на настанот, на почетокот на ноември во Тексас биле заразени со вирусот корона, како и уште тројца членови со кои подоцна гостите стапиле во контакт.
Семејството издаде видео предупредување до Американците во пресрет на Денот на благодарноста да не ја повторуваат нивната грешка.
„Ние сме како и секое друго семејство кое се грижи за себе, ден за ден, но згрешивме. Ова е пример за тоа што не треба да се прави“, рекла 26-годишната Алекса Арагонес.
Aragonez and 14 family members had a small indoor birthday celebration this month.
No one wore masks.
“I went to my nephew’s house and loved seeing my family. Now I’m fighting covid-19.
Please protect yourself. It’s real.”#ONEV1 #OVHealthcare https://t.co/dpbvOSeEWv
— Bryan (Papoo) #PeopleHaveSpoken (@PapooTx) November 23, 2020
Меѓу заразените биле нејзините деца, како и нејзината и 57-годишната мајка Енрикета, која доживеала посериозни компликации. Таа била во болница, седум дена, со кардиоваскуларни симптоми.
“Среќна сум што можам да кажам дека не изгубив 15 членови на семејството. Многумина немаа толку среќа”, рекла г-ѓа Арагонес.
Таа истакнала дека нејзиното семејство ги презело сите мерки на претпазливост уште од почетокот на пандемијата – тие носеле маски и престанале да одат на црковни служби и ресторани.
After an impromptu birthday party, 15 members of the Aragonez family tested positive for COVID-19.https://t.co/6x24Jupvrm
— NBC Latino (@NBCLatino) November 25, 2020
Конечно потклекнале кога братучед им испратил покана за роденденска забава. Иако сè било замислено како настан на отворено, тие брзо се опуштиле и започнале да кружат во групи низ кујната и другите делови од куќата.
Мајката на Арагонес започнала да покажува симптоми два дена по забавата и им испратила порака на другите. Тогаш сите беа тестирани и резултатите биле позитивни.
На Енрикета и беше дијагностицирано воспаление на белите дробови откако била пренесена во болница со висока температура и отежнато дишење и на крајот била ставена на кислород.
Дури и’ помладите членови на семејството имале симптоми и како сите деца, пренесува „Индипендент“. Семејството рекло дека искуството ги трауматизирало, па затоа сакаат да ги предупредат луѓето.
„Еден живот кој е изгубен, можеше да се спречи со тоа што да не се собравме, бидејќи еден живот е премногу. Размислете колку се сакате”, рекла Арагонес.