На трката во Формула 1 за Големата награда на Бахреин, на патеката беше виден уште еден голем инцидент, во осмиот круг.
По страшниот судир на почетокот на трката во која се запали автомобилот на Роман Грожан и во кој возачот едвај извади жива глава, се случи нова опасна сцена само неколку круга подоцна.
Трката требаше да биде запрена во осмиот круг и безбедносното возило мораше повторно да се упати кон караванот.
Инцидентот се случил во осмиот круг кога Данил Квjат, кој бил учесник во инцидентот и на стартот со Роман Грожан, го удрил автомобилот на Ленс Строл, чиј автомобил се превртел на патеката!
Строл така остана надвор од трката, за среќа се чувствува добро, а трката потоа продолжи без него.
Како изгледало сето тоа, можете да видите на видеото во прилог.
— SportBot (@SportBot11) November 29, 2020