(ФОТО) Во нејзините 70-ти, таа добила тело што го немала ниту во нејзините 20-ти: Сето тоа благодарение на овие едноставни правила!

Таа е најстарата инструкторка по фитнес, има 73. години и на нејзиното тело и завидуваат многу помлади девојки. Само една работа е одговорна за оваа неверојатна трансформација
Кога наполнила 70.години, Џун Мекдоналдс тежела скоро 100 килограми и имала проблеми со крвниот притисок и холестеролот. Тој ден таа одлучила дека мора да направи нешто.
Бидејќи нејзината ќерка е инструкторка по фитнес, ја замолила да ги одржува нејзините тренинзи, на што таа се согласила. Од нејзиниот 70-ти роденден, таа работи со полна пареа и не пропушта ниту еден тренинг.
Таа вели дека е горда на себе и сега целото знаење што го собрала сака да го сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.
Таа им кажува на сите: „Ако една баба од 70. успеала, тогаш секој може“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan MacDonald (@trainwithjoan)

Џун Мекдоналдс цел живот се борела со прекумерна тежина, но нејзиниот живот и навиките ги сменила за само еден ден. Таа денес има 73 години и изгледа подобро од кога било. „Се чувствувам како друга жена“, вели таа.
„Две недели од мојата ќерка учев за здрав начин на живот две недели и го применив секој совет.
Во првите 6 месеци изгубила 20 килограми, а во следните месеци изгубила уште 15 килограми.
Таа одела во теретана 5 пати неделно, а тренингот вклучувал 15 минути кардио вежби и исто толку минути вежби за обликување на телото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan MacDonald (@trainwithjoan)

Таа целосно ја сменила исхраната, како и односот кон храната. Наместо 3-те големи оброци на кои била навикната, таа почнала да јаде 5 пати на ден, но помали порции.
Житарки од цело зрно, месо без многу маснотии и многу зеленчук, тоа е основа на нејзината исхрана денес. Основната група на храна се протеини. Благодарение на нив, таа изградила мускули и брзо ги изгорела сите масни наслаги.

Вака изгледа нејзината исхрана:
Појадок: Овесна каша или омлет со 2 цели јајца и 3 белки, малку сирење и зеленчук со малку маснотии.
Ручек: Месо кое не е масно, многу зеленчук, интегрален леб.
Вечера: Риба и зеленчук или интегрален леб и чаша јогурт.
Таа исто така има 2 ужинки во текот на денот кои се состојат од една овошка или неколку ореви или сладолед без шеќер. Од време на време, таа се почастува со некои слатки. Таа вели дека ги слуша потребите на телото и се раководи од нив.
„Најважно е да се ослободите од мрсната храна и прекумерната употреба на шеќер. Ова се главните правила што треба да се следат“. Со дополнителна физичка активност, резултатите нема да изостанат.
Таа нагласува дека не е можно да се обликува телото без тренинг. „Правилната исхрана се подразбира, но тренингот е исто така многу важен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan MacDonald (@trainwithjoan)

Со изгубената тежина, сите болести исчезнале.
“Ги фрлив лековите, немам повеќе проблеми со артритис, ја држам бубрежната болест под контрола. Имам повеќе енергија и самодоверба”, додала таа
„Постигнувањето на целта е лесно кога ќе донесете одлука. Планот за исхрана не е воопшто тежок. Никогаш не сум гладна. Најтешко ми беше да тргнам на ова патување и верувам дека тоа мачи многу жени. Само помислете колку подобро ќе се чувствувате и ќе изгледате. Јас сум пример дека сè е можно“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan MacDonald (@trainwithjoan)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Лекарите и рекле дека не може да има деца па потоа на 46. години родила тројки

Кога Џорџија Фостер имала 36 години, лекарите и рекле дека никогаш нема да може да …