Еден знак на вашето лице може да биде симптом за рак на белите дробови

Помалку познат симптом на рак на белите дробови може да биде промена во очниот капак
Симптомите на карцином на белите дробови вклучуваат отежнато дишење, главоболка и постојана болка во градите. Но, има и еден суптилен знак на лицето што може да укаже на оваа злобна болест.
Ракот на белите дробови е еден од најсериозните видови на карцином кој се дијагностицира бидејќи обично е тешко да се забележат симптомите се’ додека туморот не се прошири на други делови од телото.
Еден од помалку познатите симптоми на рак на белите дробови може да биде промена во очниот капак.
„Некои пациенти кои страдаат од рак на белите дробови, можат да забележат промена на очните капаци, горниот очен капак што обично се спушта“, вели професорот Џорџ Сантис, консултант за респираторна медицина во болницата „Лондон мост“ во Велика Британија.
Причината може да биде тумор на белите дробови што влијае на невролошките симптоми – ги притиска нервите во телото.

„Чести симптоми на рак на белите дробови вклучуваат кашлица која трае повеќе од три недели, кашлање крв, отежнато дишење што се влошува, болка во градите, губење на тежината. Понекогаш пациентите имаат симптоми кои можат да покажат дека болеста метастазирала: главоболка, болка во коските“, додал Сантис.
Во некои случаи, тумор на белите дробови може да предизвика невролошки промени.
„Тоа може да доведе до релаксација на очните капаци или намалено потење на лицето – изненадувачки симптоми кои можат да бидат поврзани со рак на белите дробови“, посочува тој.
Но, само затоа што очниот капак ви е опуштен, состојба позната како птоза, не мора да значи дека имате рак на белите дробови.
Птозата може да се појави поради многу фактори или едноставно по години носење контактни леќи. Ако не се лекува, тоа може негативно да влијае на видот, а исто така може да доведе до болка што се јавува во областа на веѓите.
Голем број третмани се достапни за лекување на птоза, вклучувајќи хируршка интервенција.
Симптомите на карцином на белите дробови вклучуваат кашлица која не поминува по две до три недели или продолжена кашлица, кашлање крв, отежнато дишење и болка за време на дишењето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) Открила дека сопругот после 15. години брак и рекол дека е хомосексуалец: „Сега сме најдобри пријатели!“

ЖЕНА од Велика Британија чиј сопруг откри дека е хомосексуалец по 15 години брак открила …