(ВИДЕО) Неверојатна снимка: Дедо спасил кученце од челуста на алигатор

Еден сопственик на куче стана вистински херој на Флорида откако спасил кученце од челуста на мал алигатор. Видеото од неговата акција стана вирално на социјалните мрежи и веќе го погледнаа стотици илјади луѓе ширум светот.
Ричард Вилбанкс (74) шетал со својот миленик Ганер кога бебе алигатор ненадејно истрчало од езерото, го грабнало кучето и го влечело во вода. Овој жител на домот за стари лица без размислување скокнал во водата и се справил со предаторот со кој се борел во плиткото неколку минути додека не го победил.
„Тој не нападна со ракетна брзина, едвај разбрав што се случи. Немав идеја дека алигаторите можат да бидат толку брзи“, рекол тој по овој судир снимен од надзорна камера. Детал од видеото што особено ги воодушеви луѓето е пурата што останала во устата на Вилбанк за време на борбата. И, најдобрата вест од се е што Ганер поминал само со безопасна гребнатинка.
Браво за овој херој!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Навики што откриваат дека сте пораснале во сиромашно семејство

Не секој е роден „под среќна sвезда“ – толку многу луѓе знаат многу добро како …