(ФОТО) Тест од 5. секунди открива дали месото е свежо или расипано

Бојата, количината на вода и ишараноста со бели ленти откриваат колку месо стоело на полиците и е безбедно за подготовка. Избегнувајте неуспешни оброци или летни труење преку лето во само неколку чекори …
Месото во продавниците доаѓа во разни форми и не е секогаш лесно да се препознае кое е свежо и квалитетно, особено ако е мелено. Најдобро е да се купи домашно, но ова не е секогаш можно. Добро е да им се даде приоритет на производи од регионот кои за пократко време се во продавниците, но покрај информациите за пакувањето, важно е да се води грижа за изгледот на месото.
„Иако многу луѓе сметаат дека е нездраво, месните масти даваат многу арома“, вели Елизабет Роиски од германскиот Земјоделски центар. Квалитетното месо треба да има малку внатрешни маснотии, кој може да се видат во бели ленти како венци со кои месото е ишарано.
Покрај тоа, ако се купува спакувано месо, во него не смее да има вода. Пред да го ставите во корпата, треба добро да го проверите, за што не ви требаат повеќе од пет секунди.
Боја
Идеалната боја зависи за какво месо станува збор. Телешкото треба да биде светло, но не и бело, како и месото од живина. Говедско месо треба да биде средно црвено, но не премногу темно. Свинското месо е идеално ако е со бледо розова боја. Од сите сивкави нијанси на месото треба да се бега, нагласува Роиски.
Цврстина
Постои уште еден начин да се провери дали пакуваното месо е сé уште свежо. Ако се притисне со прст, тоа мора брзо да се врати во првобитната состојба и не смее да има никаква вдлабнатина, а површината на месото мора да блеска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Сите благодети на кафето: Ги намалуваат шансите за рак, го подобруваат памтењето…

Умерената потрошувачка на кафе (до 4 филџани на ден) всушност го продолжува животот Иако честопати …