(ФОТО) Сара Џесика Паркер: „Поради короната станав продавачка!

Во интервју за новиот број на магазинот „Town & Country“, Сара Џесика Паркер зборувала за силата и духот на Њујорк, кој се најде во големи проблеми поради пандемијата на коронавирусот, исто како и остатокот од светот.
Американската актерка, позната по улогата на Кери Бредшо во хит серијата „Сексот и градот“, вели дека масовниот егзодус на добростоечки њујорчани ги остави локалните компании во неволја.

„Луѓето кои се богати, сите оние кои постигнаа голем успех во Њујорк, сега имаат обврска да и помогнат на заедницата да заздравува – и на културен и на економски план. Тие му го должат тоа на градот, треба да реинвестираат во него, мора да се вратат дома и повторно да го запознаат градот, што сега им е очигледно непознат. Вашите омилени ресторани и продавници едвај чекаат да им се вратите. Не заборавајте дека оваа пандемија не ги запре сметките, а занаетчиството и компаниите не можат да ги задржат вработените ако не се вратите дома. Тие треба да го почувствуваат нашето присуство, потребна им е финансиска поддршка за да останат воопшто отворени. За нашиот град да изгледа познато и да функционира како што сте навикнале, мора да се вратите дома“, рекла Паркер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TOWN&COUNTRY (@townandcountrymag)

Популарната актерка, која е сопственик и на модната галантерија SJP Collection, на своја кожа почувствувала како се сменил бизнисот за време на кризата предизвикана од вирусот ковид-19.


„Се боревме за време на заклучувањето, но ги задржавме сите вработени, секој има здравствено осигурување и работи. Имавме одлични денови, но имаше и кризни ситуации. Сè на сè, мојот омилен дел од работата е да бидам на подот со клиенти, да им носам чевли, да учам за нивните животи … Да, јас не сум само шеф, туку и продавачка! И бидејќи имаме и виртуелен шопинг, јас лично ги доставувам сите нарачки јужно од 54-та улица на клиентите и навистина уживам во тоа. Го сакам тој интимен пристап, ја ценам блискоста што ја имам со моите клиенти“, открила Сара Џесика и заклучила дека жителите на Њујорк сакаат да бидат гламурозни дури и во карантин.
„Штиклите ни се продаваат секој ден, не чувствувавме никаква разлика во бизнисот“, вели таа со задоволство, како што пренесува „Daily Mail“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Навики што откриваат дека сте пораснале во сиромашно семејство

Не секој е роден „под среќна sвезда“ – толку многу луѓе знаат многу добро како …