(ФОТО) Меланија уште еднаш ги оставила модните критичари без здив: Вака се облекува првата дама!

Таа уште еднаш докажала дека со право ја нарекуваат кралица на стилот
Меланија и овој пат успеала да ги воодушеви модните критичари. Нејзината комбинација на облека повторно била оценета со чиста десетка.

Уште актуелна, првата дама на Америка, ја дочекала елката, која и оваа година ќе биде специјално украсена. Декорацијата на Белата куќа е секогаш посебна и спектакуларна манифестација и сите со нетрпение очекуваат како ќе изгледа за време на божиќните и новогодишните празници.

Овој пат, Меланија избрала палто што повеќе потсетува на црно-бела наметка. Ова е докажана комбинација на бои што совршено одговара на сите. Моделот потсетува на костуми од 50-тите, па и дал дополнителна доза на женственост.
Стајлингот го надополнила со црни длабоки чизми и кожни нараквици во иста боја. Косата, како и секогаш, била совршено стилизирана, а првата дама не криела дека ужива во овој ден, па не ја симнала насмевката од лицето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Сите благодети на кафето: Ги намалуваат шансите за рак, го подобруваат памтењето…

Умерената потрошувачка на кафе (до 4 филџани на ден) всушност го продолжува животот Иако честопати …