Меган Маркл денес за „Њујорк Тајмс“ открила дека претрпела абортус кога се преселиле во САД. Војвотката од Сасекс изјавила дека го изгубила своето второ дете откако почувствувала „остар грч“ во стомакот, додека во јули ја менувала пелената на нејзиниот син Арчи.
Меган опишала дека и се слоѓило дома во Лос Анџелес.
Како што вели, најтешко и било да го гледа принцот Хари како тагува додека таа самата „се распаѓала“.
„Откако ја сменив пелената на Арчи, почувствував остар грч. Се спуштив на подот со него во рацете, пеејќи му приспивна песна за да не смири двајцата. Веселата мелодија беше целосен контраст со моето чувство дека нешто не е во ред“, напишала таа.
Во колумната со наслов „Загуби што ги споделуваме“ таа напишала:
View this post on Instagram
„Додека го држев моето првородено дете, знаев дека го губам другото“.
Меган напишала дека тоа се случило едно јулско утро, што личело на кое било друго. Кога се разбудила и ги нахранила кучињата, ги средила алиштата и боичките на Арчи, а потоа ја врзала косата во опашка. Почнала да ја менува пелената на Арчи кога почувствувала силна болка во стомакот.
View this post on Instagram
„Неколку часа подоцна лежев во болнички кревет, држејќи ја раката на сопругот. Ја почувствував топлината на неговата дланка и тој ја бакна мојата рака, која беше влажна од нашите солзи. Загледани во студените бели sидови, очите ми се застаклија. Се обидов да замислам како ќе се излечиме“, заклучила таа.