Растението кое спречува гоење расте на секој чекор

Ако се почестиме со хамбургер и газиран пијалок, треба прилично да запнеме со вежбање за да ја неутрализираме таа калорична бомба во нашето тело. Сепак, што ако само една чаша чај може да го стори тоа? И тоа чај од растението што го гледаме во сите правци.
Мислиме на коприва – според неодамнешното истражување објавено во научното списание Nutrients, копривата може да биде чудо од растение кое спречува гоење.
Копривата е диво растение кое изобилно расте низ целиот свет на пролет. Неговиот екстракт се користи во разни додатоци во исхраната, бидејќи неговите лисја се богати со многу хранливи материи, вклучувајќи витамини, минерали, аминокиселини и каротеноиди … И според истражувањето на група научници од Универзитетот во Мериленд, овие лисја би можеле да станат моќна алатка за борба против дебелината предизвикана со лоша исхрана
Врз основа на претходните истражувања кои покажале дека екстрактот од коприва може да го подобри нивото на шеќер во крвта кај глувците, тим предводен од д-р Дајан Н. Обанд сметал дека хранењето глувци со лисјата на растението коприва може навистина да ги спречи да добијат тежина – дури и ако се хранат со масни јадења. Тие ја тестирале таа теорија.


Земале 36 глувци и ги поделиле во четири групи. Првиот примал храна со малку маснотии 12 недели, вториот земал храна со многу маснотии во истиот период, а третиот добил коприва покрај храната со многу маснотии. Во четвртата група, глувците се хранеле со многу маснотии шест недели, а потоа копривите биле додадени во нивната исхрана шест недели.
Како што се очекувало, исхраната со малку маснотии резултирала со значително помалку гоење и акумулација на телесни масти отколку исхраната со многу маснотии. Но, додавањето на коприва во третата група резултирало со значително помалку гоење и акумулација на маснотии. Во четвртата група, гоењето и акумулацијата на маснотиите значително се забавиле откако копривите биле вклучени во исхраната, пренесува Eat This, Not That.

Заклучокот што следел е дека копривата, кога се јаде како растение (за разлика од екстрактот), има позитивен ефект врз метаболизмот, иако сè уште не е прецизно објаснето зошто, и постои вистинска причина да се надеваме дека ќе ги има истите ефекти врз луѓето. Сепак, ова ќе бара понатамошно истражување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

„Сончева диета“ го намалува риикот од канцер

„Сончевата диета“ се заснова на истражување кое покажало дека губењето вишок килограми го намалува ризикот …