Вкус кој ќе ве натера повторно и повторно да го правите овој феноменален колач
Состојки: 200 г пишкоти, 800 мл млеко, 100 г црно чоколадо за готвење, 100 г путер, 1 лажица какао во прав, 500 мл млеко, 1 кесичка пудинг од кокос или ванила, 80 г шеќер, 6 листови желатин, 300 мл слатка павлака, 200 г кокосово брашно
Подготовка: желатинот натопете го во вода и оставете да се раствори. Во соодветен сад ставете 300 мл млеко, 100 г путер и чоколадото и ставете на рингла да се загрева и растопува. Во исто време сварете пудинг во 500 мл млеко со 80 г шеќер. Кога пудингот ќе биде сварен во него додајте ги исцедените листови желатин и измешајте да се соедини, па оставете на страна да се лади. Покријте со прозирна фолија да не се фати коричка.
Додека пудингот се лади во еден сад истурете го кремот од млеко,путер и чоколадо, а во друг кокосот, па пишкотите натопувајте ги прво во топлиот крем па во кокосовото брашно и редете во плех обложен со хартија за печење.
Ако пишкотите ви се многу бледи во кремот додајте го какаото во прав, вратете на рингла да зоврие па продолжете да ги натопувате пишкотите. Колку е кремот потопол пишкотите повеќе ќе омекнат.
Кога ќе ги наредите пишкотите, ако имате доста крем полијте уште малку над пишкотите и наросете со кокос.
Ладната слатка павлака изматете ја со миксер па малку по малку додавајте го изладениот пудинг, се убаво да се соедини. Половина од добиениот крем истурете го врз пишкотите. Наредете уште еден ред пишкоти натопени во црниот крем и во кокосово брашно…па останатиот црн крем истурете го врз нив и наросете со останатиот кокос. Нанесете ја втората половина од кремот.
Над кремот наредете уште еден ред пишкоти, искршени на половина, натопени во црн крем и кокос.
Подготвената торта оставете да отстои половина час на собна температура, па префрлете на еден час во замрзнувач.
Уживајте!