(ВИДЕО) Објавени номинациите за Греми наградите: Бијонси доминира

Вчера беа објавени номинациите на изведувачите за 63. Греми музички награди. Бијонси моментално доминира со девет номинации, меѓу кои се и оние за песна на годината и најдобра изведба на „Црна парада“.
Познатата пејачка Бијонсе има дури девет номинации, најмногу заради песната „Црна парада“, која ги слави црната култура и активизам и беше објавена за време на летните протести против системскиот расизам и полициската бруталност против Афроамериканците во САД.

Веднаш зад Бијонсе се Тејлор Свифт, Дуа Липа и Роди Рич со по шест номинации.
Тејлор Свифт, меѓу другото, има номинации за албум на годината, како и за најдобар поп албум „Folklore“, па дури и за песната на годината „Cardigan“.

Дуа Липа има номинации за албум на годината „Future Nostalgia“, видео запис на годината „Don’t Start Now“ и најдобар поп албум „Future Nostalgia“.
Роди Рич е номиниран за видео на годината, „Rockstar“, како и за песна на годината.

Били Ајлиш, кој освои најмногу награди минатата година, годинава доби четири номинации, вклучително и во категориите за албум на годината и песна на годината.


Организаторите на Греми објавија дека Тревор Ноа, актер, водител и комичар, ќе биде домаќин на доделувањето на наградите, пишува Си-Ен-Ен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Trevor Noah (@trevornoah)

„И покрај фактот дека сум крајно разочаран што организаторите на Греми го одбија моето барање да пеам или да бидам номиниран за најдобар поп албум, јас сум воодушевен што ќе бидам домаќин на овој настан“, се пошегувал Ноа и додал: „Ќе бидам таму за да ги поддржам сите неверојатни уметници, затоа што знам какво е чувството да не се освои награда“.
63-та Греми награда се планирани на 31 јануари 2021 година.
Комплетниот список на номинации во 83 категории може да го најдете тука.


Да потсетиме, Бијонсе, која оваа година е номинирана дури девет пати, досега има освоено 24. Греми, а таа е номинирана вкупно 79. пати.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) МАЕСТРАЛНО! Инструментална верзија на старата „Јано мори севдалино“ која буди силни емоции

За него велат дека е човек кој живее од и за музиката, а неговите дела …