Аргентинскиот весник Clarin објавил дека во 61. година умрел Диего Марадона.
Како причина за смртта се наведува срцев удар…
Како што веќе пишувавме неодамна Марадона беше хоспитализиран поради депресија а потоа имаше операција поради можно крварење во мозокот.
„Сè беше успешно и се одвиваше како што се очекуваше“, објавил тимот за односи со јавност на Марадона.
Марадона имал „субдурален хематом“ – собирање на крв помеѓу мембраната и мозокот, изјавил неговиот личен лекар Леополдо Луке.
Луке, невролог, рекол дека проблемот е веројатно предизвикан од повреда, но рекол дека Марадона не се сеќава на тоа.
За жал последните вести од Аргентина велат дека славниот фудбалер починал, најверојатно, од срцев удар.