Актерката Никол Кидман зборувала отворено за влијанието на епидемијата на коронавирус врз нејзините деца и за тоа како сите го издржаа локаутот.
View this post on Instagram
Кидман (53) за магазинот „Glamour U.K.” изјавила дека нејзините ќерки Сандеј Роуз (12) и Фејт Маргарет (9) на некој начин се навикнати на виртуелно учење затоа што често патуваат поради работата на своите родители, а од истата причина не можат редовно да се гледаат со пријателите.
View this post on Instagram
„Бидејќи често патуваме и не сакаме да се разделуваме, нашите деца се навикнати да следат часови преку Интернет, но она што им е тешко е социјалното растојание“, вели Кидман, која има уште две деца со нејзиниот поранешен сопруг Том Круз, синот Конор ( 25) и ќерката Изабела (27).
Никол вели дека дванаесетгодишно дете ја доживува пандемијата како неможност да стапи во контакт со пријателите, а на деветгодишно дете му е тешко бидејќи во тек е неговото социјално формирање.
„Една од најтешките работи е кога ги гледате вашите деца копнеат по пријатели“, искрена е Никол и додава дека гледајќи ги нив почнала да копнее по своите пријатели.
Кидман претходно раскажала како нејзината сестра Антонија со своите три деца се преселила кај неа кога ја снимала серијата во Австралија и дека куќата во тоа време била целосно полна.
„Сакам деца. Повеќе сакам деца од возрасни, иако во моментов повеќе сакам возрасни. Сакам децата да бидат постојано тука дури и во време кога во куќата имаше пет деца. Кит отиде во Нешвил за да сними албум, па сестра ми дојде да ми помогне“, рекла Кидман.
View this post on Instagram
Таа вели дека перспективата на децата не е воопшто тешка и затоа сè е забавно со нив, пишува „People“.
Кидман неодамна објасни во интервју за „Дејли телеграф“ дека нејзиното семејство успеало да остане здраво за време на заклучувањето.
View this post on Instagram
„Се стуткавме во куќата и го направивме она што ни беше кажано. Ги гледавме нашите пријатели како одат во пеколот и се враќаат назад и видовме дека целиот свет е засегнат. Кит и јас постојано се прашувавме дали сето ова навистина се случува”, заклучува Никол.