Тениската сезона официјално заврши со завршниот Мастерс во Лондон, на кој победи Данил Медведев.
Покрај АТП-финалето, рускиот тенисер успеа да го освои и претпоследниот турнир на годината – Париз.
Тоа му помогна да ја заврши 2020 година на четвртото место во караванот АТП, кое до неодамна го држеше Роџер Федерер.
Медведев успеа да собере 4.025 поени во сезоната, што го става на четвртата позиција на таа листа.
Најдобар беше Новак Ѓоковиќ со 6.855, кој, на крајот на краиштата, ја „зацементира“ првата позиција на АТП ранг-листата.
ATP Top 10 with 2020 points only
1 – Djokovic, 6855
2 – Thiem, 4615
3 – Nadal, 4050
4 – Medvedev, 4025
5 – Zverev, 3455
6 – Rublev, 3425
7 – Tsitsipas, 2495
8 – Schwartzman, 2200
9 – Raonic, 1725
10 – Carreño, 1710— José Morgado (@josemorgado) November 24, 2020
Првиот тенисер на светот по шести пат во кариерата успеа да ја заврши годината на првото место, со што се изедначи со Пит Сампрас.
Интересно, Доминик Тим е пред Рафаел Надал на оваа сезонска листа. Австриецот постигна 4.615, а Шпанецот 4.050 поени.
Зверев е на 5-то место со 3.455, додека Рублев е на шестото, благодарение на освоените дури пет титули.
Во Топ 10 се и Стефанос Циципас, Диего Шварцман, Милош Раониќ и Пабло Карењо Буста.