ТАЖНО – Мајка на десет деца починала откако ја родила првата ќерка

По помалку од две недели откако ја пречека својата прва ќерка, мајката на десет деца од Тексас починала. Соња Харлоу со години се молела за својата ќерка, изјавил нејзиниот сопруг Спенсер за The Bluebonnet News.
Нејзините молитви биле одговорени на 5. ноември кога родила ќерка која ја нарекла Елијана, што значи „Бог одговорил“. Само 11. дена подоцна таа ја загуби битката за својот живот.
„Не знам како ќе живеам без неа“, рекла нејзината најдобра пријателка Ненси Легер Дејви која започнала добротворна акција за семејството Харлоу на GoFundMe.
Соња (39) имала компликации за време на бременоста, како што е прееклампсија, што и го оневозможило работењето.

 

loading...

Sonya Harlow
https://www.gofundme.com/f/sonya-harlows-funeral-expenses
Credit: GoFunMe

„Таа не работеше со месеци пред да се породи, па нејзиниот сопруг самостојно се грижел за сите деца“, додала Дејви.
“Имаше само момчиња дома и се молеше за мало девојче. Ја нарековме Елијана, таа е Божји одговор на нашите молитви”, додал Спенсер.
Сè било идеално до минатиот понеделник, кога Спенсер го разбудило стенкањето на неговата сопруга.
„Се свртев и видов дека умира. Ја реанимиравме сè додека не дојде брзата помош, но таа ги изгуби знаците на живот, беше предоцна”, рекол тој.
„Бидејќи нејзината смрт беше ненадејна, немаше животно осигурување и немаше заштеда. Сите пари ќе бидат потрошени на погреб, и ако остане нешто, ќе им бидат предадени на децата”, рекла Дејви.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЗ: Регистрирани се 96 нови лабораториски позитивни случаи на Ковид 19 – Пријавени се три починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 …