„НАЈСПЕЦИЈАЛНИ“ ЛУЃЕ: Предности и слабости на луѓето со НУЛТА крвна група

Кога ќе се налутат стануваат импулсивни.
Луѓето со нулта крвна група (0) се повеќе склони кон некои болести, но тие исто така имаат некои многу моќни карактеристики што ги прават да се истакнуваат кај популацијата.
Луѓето со нулта крвна група се посебни затоа што можат да дадат крв на сите други групи (нема фактор во еритроцитите на нулта крвна група што би уништила туѓа крв), но тие можат да добиваат крв само од сопствената крвна група. Но, тоа не е сè што ги прави доста различни од другите. Тие се повеќе склони кон некои болести, но исто така имаат и некои многу моќни карактеристики што ги прават да се истакнуваат кај популацијата.
„Способноста за водство, проактивноста, голема количина на енергија и можноста да се биде секогаш фокусиран се некои од најдобрите квалитети на луѓето со нулта крвна група. Тие исто така знаат да бидат многу моќни и продуктивни“.
Од друга страна, тие се повеќе склони кон некои болести како што се чиреви, дисфункција на тироидната жлезда, ниско ниво на тироидни хормони и недостаток на јод. Овие дисфункции можат да предизвикаат несакани ефекти како прекумерна тежина и задржување на вода.
Во Јапонија, нултата крвна група е поврзана со одреден тип на личност. На интервју за работа, Јапонците честопати се прашувани која е нивната крвна група.
„Луѓето со нулта крвна група се опишани како одговорни, посветени, организирани, фокусирани, совесни и практични.


Исто така, се верува дека тие се појасни и подобри логичари од другите. Тоа е затоа што нивните предци биле ловци кои требало да ја набљудуваат и најточно да ја проценат околината за да преживеат.
Кога се под стрес, тие можат да се налутат, да станат хиперактивни и импулсивни. Лошата исхрана, недостатокот на вежбање нездрави навики и склоноста кон стрес ги прават повеќе подложни на штетни метаболички процеси, како што се отпорност на инсулин, забавена активност на тироидната жлезда и дебелина.
Тие исто така имаат поголеми количини на желудочна киселина од другите крвни групи, поради што тие често имаат чувствителен стомак и исто така се склони кон чир на желудник.
Луѓето со нулта крвна група треба да избегнуваат кофеин и алкохол. Кофеинот може да биде особено штетен затоа што го зголемува нивото на адреналин, кој веќе е висок кај луѓето со нулта крвна група. Ним им се препорачува физичка активност 3. до 4. пати неделно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …