Меркел подготвила нови, строги, мерки: Ќе ја „уништи“ корона до Божик

Поттикнати од желбата на канцеларката за „заеднички пристап“ во борбата против пандемијата на коронавирусот, премиерите на германските покраини работат на нови предлози за периодот по крајот на ноември. Со понатамошно заострување на мерките, тие ќе се обидат барем делумно да обезбедат празнична атмосфера за Божик. Ова е јадрото на новата стратегија на Германија во борбата против пандемијата на коронавирусот за декември и јануари.

Откако минатата недела ги отфрлија нејзините барања за поостри мерки, Ангела Меркел им ги врати жешките компири на покраинските премиери за да се договорат за концептот за кој сите би се согласиле. Концептот треба да биде презентиран на заедничката средба на премиерите на сојузните покраини и канцеларката утре, среда, 25 ноември.
Судејќи според првите информации што доаѓаат од видео состанокот на премиерите, генерално се планираат построги мерки на затворање како одговор на рекордниот број на ново заразени лица од петокот. Во тоа време, во Германија биле евидентирани 23.648 нови случаи. Но, покрај ќотекот во форма на построги мерки до 20 декември, политичарите подготвуваат и отстапки за време на Божиќните празници.

Еве неколку предлози што се појавиле во јавноста:
– Продолжување на делумното заклучување до 20 декември.
– Хотелите, угостителските објекти, фитнес клубовите, кината и театрите се забранети за прием на посетители.
– На рестораните им е дозволено да продаваат храна „за носење“, а хотелите имаат дозвола да ги примаат само оние гости кои се на службено патување.
– Граѓаните треба да продолжат да избегнуваат непотребни контакти и да се воздржуваат од патувања.
– Меѓу новите мерки се воведува ограничување на собирање на членови на само две домаќинства со вкупно најмногу пет лица, што не вклучува деца под 14-годишна возраст.
– Обврската за носење маски останува во сила во продавниците, јавните институции и јавниот превоз.
– Можно е да се воведе обврска за носење маски на отворен простор, каде што е зголемена концентрацијата на луѓе, како на пример во пешачките зони.

Исклучоци за Божик
Исклучоци се можни во периодот од 21 до 27 декември:
– Дозволена средба на лица од повеќе од две домаќинства со зголемување на горната граница на присутните на 10. Сепак, по овие состаноци се препорачува самоизолација од неколку дена.
– На црквите би можело да им се дозволи да одржуваат типични Божиќни церемонии, но треба да се избегнува собирање на поголем број верници.
Нова година
– Апел до граѓаните да се воздржат од огномет и пиротехника.
– Можна е и забрана за продажба на пиротехнички средства.

Училишта
– Маските ќе бидат задолжителни на часови (моментално задолжителни само во случај на движење низ училница или училиште) со ученици постари од 7 години.
– Во училиштата без случаи на инфекција, можно е ослободување од таа обврска – Во случај на инфекција, целото одделение треба да оди во самоизолација пет дена, по што треба да се тестира, а тестот оди на државна сметка.
– Одлука за настава од дома може да донесе секоја федерална покраина за себе.
Економски стимулации
Продолжување на тековните мерки за помош за мали претприемачи, трговци поединци, како и за клубови и здруженија.
– Федералните покраини исто така ќе и предложат на федералната влада продолжување на финансиската помош за особено погодените индустрии, како што е туризмот, како и за клубовите или секторот за организирање настани, до средината на следната година.
– Препорачливо е да се провери дали на здравствено осигурување му е потребна финансиска поддршка со оглед на понискиот приход и поголемите расходи за време на короната.

Подобро продолжување на послабо затворање отколку целосно за Божик
Продолжувањето и делумното заострување на мерките политичарите го објасниле со фактот дека сè уште има голем број новозаразени.
„Ако престанеме со мерките прерано, ризикуваме дека ќе мора да започнеме одново. Подобро е да се започне заклучување сега, отколку целосно затворање за Божик“, рекол премиерот на Баварија, Маркус Зедер.
Во исто време, покраините со помал број новозаразени лица се за исклучок од мерките воведени на територијата на цела Германија. Тоа е особено се иднесува на провинциите на север, како што се Шлезвиг-Холштајн или Мекленбург-Западна Померанија.
Таму, бројот на новоинфицирани е значително помал отколку во остатокот од земјата. Премиерката на Мекленбург, Мануела Швајзиг, истакнал дека бројот на новозаболени лица во нејзината провинција е под вредноста на 50. на 100.000 жители за седум дена. Просекот на ниво на Германија е 144., а во некои провинции, како што е Берлин, над 240.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Момче (11), најмладата жртва на корона вирус во Хрватска – починал на Инфективната клиника, немал други болести!

Дошло до ретка компликација што лекарите почнале да ја забележуваат кај мал број заразени деца …