МАНДАРИНАТА КРАЛИЦА НА ЕСЕНА! Го чува срцето, спречува дијабетес тип 2, а и кората е исто така добра!

Помага во спречување на дијабетес тип 2.
Ова овошје го зачувува здравјето на срцето и помага во спречување на дијабетес тип 2. Добро е да се зачува лушпата што се додава во чаевите, но само доколку не се прскана.
Вкусни и миризливи мандарини треба да се јадат во големи количини за време на есента. Ова сочно овошје помага во намалување на лошиот холестерол и го штити срцето, а бидејќи го продолжува чувството на ситост, се препорачува и за оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми.


Пектинот во мандарината го спречува зголемувањето на нивото на шеќер во крвта, а со тоа и чувството на глад. Нејзините состојки, витамин Ц и витамини од групата Б, минерали, калциум, магнезиум, цинк и калиум, позитивно влијаат на здравјето на мозокот со подобрување на неговите функции, што придонесува за подобра меморија и концентрација.

„Освен ментална јасност, корисна е и за убавина – мандарината е богата со антиоксиданси кои спречуваат ослободување на слободни радикали и оштетување на кожата, па затоа е одлично средство за нега на лицето.
Со распаѓање на бета-каротин од мандарината, се синтетизира витамин А, кој е одговорен за кадифената кожа. Мандарината исто така ќе ви помогне да го зачувате младешкиот изглед на вашата кожа – благодарение на богатството на антиоксиданси, заштитува од слободните радикали.


Неодамнешните истражувања исто така покажуваат дека мандарините ја содржат супстанцата ноблетин, која помага во борбата против дебелината, го штити здравјето на артериите и штити од дијабетес тип 2. Дури и кората од мандарина не треба да се фрла бидејќи е богата со лековити есенцијални масла.

„Миризливите корички може да се исецкаат, исушат и складираат за да се ставаат во чаеви во текот на зимата или да се користат за подготовка на миризлива антистресна бања.
Секако, треба да се користи само кора од органски одгледувано, непрскано овошје.

                                                  Мандарината е еден од најотпорните агруми на студ

Две маски од мандарина
Ако имате екстремно сува кожа, измешајте сок од мандарина со жолчка од јајце, лажица мед и маслиново масло. Нанесете на лицето, вратот и деколтето. Држете половина час, а потоа исплакнете со млака вода. Ако кожата ви е мрсна, измешајте мандарина со три лажички крем, лажичка јогурт и неколку капки сок од лимон. Држете ја оваа маска на лицето 20 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ТАКА Е ВЕЌЕ НЕКОЕ ВРЕМЕ: Гејтс се крие во својата вила, во луксузното одморалиште не е сам – на колегите од голфот им признал каков му бил бракот!

Основачот на „Мајкрософт“ се повлекол во луксузната вила во голф центар во Калифорнија. Таму тој …