Започнува со работа ЕКО ЛАБ Скопје – работилница за 3D печатење со рециклирање на пластика за млади

Под покровителство на град Скопје и ПАКОМАК, а во реализација на здружението Планет-М започнува со работа работилницата ЕКО ЛАБ Скопје наменета за младите од основните и средните училишта.

Идејата за Еко Лаб Скопје е произлезена од фактот што во нашата земја годишно се пуштаат во оптек 120-150 милиони пластични кеси и над 120.000 тони пластика за пакување, а се собира само 12.000 тони пластичен отпад. Клучното прашање е каде оди останатиот пластичен отпад?

Целта на работилницата е преку лабораториски пример да се покаже процесот на рециклирање на пластиката за да се зголеми свеста,  самоиницијативата и иновативноста на младите за зачувување на животната средина и развој на нивната креативност со најновите технологии.

Во работилницата ќе се користи пластика од шишињата за вода и сокови со ознака PET која е безбедна и не испушта хемикалии. Рециклираната пластика ќе биде користена за печатење на нови предмети со 3Д печатач осмислени од младите на работилницата.

Пријавувањето е бесплатно за сите учесници, но бројот на учесници е ограничен. Приоритетот на учесници ќе биде според редоследот на пријавување.

Поради безбедност на учесниците, работилниците ќе се одвиваат онлајн, а практичниот дел и печатењето со 3D печатач ќе се одвива според здравствените протоколи и со присуство од најмногу 4 учесници во една група.

Младите учесници на возраст од 12-18 години може да се пријават на линкот https://tinyurl.com/EkoLab

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Момче (11), најмладата жртва на корона вирус во Хрватска – починал на Инфективната клиника, немал други болести!

Дошло до ретка компликација што лекарите почнале да ја забележуваат кај мал број заразени деца …