Чекор по чекор – Новак е се’ поблизу до рекордот

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот, ја започна 296. недела на врвот на АТП-листата.
Српскиот играч на тој начин се доближи на чекор до Роџер Федерер, рекордер по бројот на недели на врвот.
Швајцарецот има 310, а Новак веќе го обезбеди својот пат до рекордот, кој ќе го сруши на 8. март следната година.
По турнирот во Лондон, Ѓоковиќ ја зголеми предноста во однос на второпласираниот Рафаел Надал за 200 поени, има 12.030, додека неговиот прв придружник остана на 9.850.
Австрискиот тенисер Доминик Тим е трет со 9.125, а четврти е победникот на завршниот Мастерс, Данил Медведев со 8.470.
Десетте најдобри ги комплетираат Роџер Федерер, Стефанос Циципас, Александар Зверев, Андреј Рублев, Диего Шварцман и Матео Беретини.
АТП листа:
1. Новак Ѓоковиќ 12,030
2. Рафаел Надал 9850
3. Доминик Тим 9.125
4. Данил Медведев 8.470
5. Роџер Федерер 6.630
6. Стефанос Циципас 5.925
7. Александар Зверев 5.525
8. Андреј Рубљов 4119
9. Диего Шварцман 3.455
10. Матео Беретини 3.075

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО) Новак за еден ден од тениски негативец до херој

Новак Ѓоковиќ во последно време е постојано на мета на светските медиуми, притисокот врз најдобриот …