ХУМАНОСТ И ГОЛЕМО СРЦЕ: 10. илјади фунти за болницата во која била бабата на Ед Ширан, но и за децата од неговото старо училиште

Англискиот пејач Ед Ширан донирал 10.000 фунти на болницата која се грижела за неговата болна баба, која страдала од деменција, а парите биле донирани преку неговиот добротворен фонд „The Framlingham Foundation Trust“, од кој биле искористени и средства за помош на деца од неговото старо училиште.
Оваа донација е наменета за набавка на музички инструменти кои се веќе инсталирани на отворено, во сензорната градина и кои им помагаат на пациентите да се опорават.
Ова не е прв пат Ширан да покаже хумана страна. Кога започна пандемијата на коронавирусите, славниот музичар ги покрил сите плати на сите вработени во неговиот ресторан во Лондон.
Неговата одлука да не ги намалува платите и да не отпушта работници била поздравена, бидејќи некои други познати личности прибегнаа токму кон овие мерки.
„Ед им порача на сите да не се грижат, дека ќе ги покрие нивните сметки и дека сите ќе ги види откако ќе помине ова срање во светот и кога сè ќе се врати во нормала“, изјавил извор близок на Ширан пред неколку месеци.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(Диета) ТИЈАНА ВАКА УСПЕАЛА ДА ОСЛАБНЕ 45. КИЛОГРАМИ: Сега строго се придржува до овој план на исхрана!

Еве што јаде пејачката во текот на денот… Денес Тијана Дапчевиќ (45) може да се …