(ФОТО) Вака изгледа најпосакуваниот глумец на светот: Бред Пит во хуманитарна акција во Лос Анџелес!

Бред Пит не само што е талентиран актер, туку е и многу хуман човек кој го докажа тоа кога доброволно застана зад воланот на камион пред неколку дена и отиде во Лос Анџелес да им достави кутии со храна на семејствата кои имаат потреба.
Според медиумите, Бред цел ден доставувал пакети, а многумина не го препознале додека носел маска. Папараците го овековечија Пит за време на самиот процес, но и во опуштен момент додека уживал во сокот, лежерно облечен во фармерки и карирана кошула над бела маица.
Фотографиите на Бред Пит наскоро станаа вирални на социјалните мрежи, а фановите аплаудираа на неговата хуманост, но и на неговата скромна елеганција и шарм кои остануваат недопрени на 56-годишна возраст!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПОДОБРЕТЕ ја вашата врска со едноставна ВЕЖБА од само 30. секунди!

Сите сигурно сте ја минувале фазата на идеализација на партнерот и ова е нормална појава, …