Лионел Меси, првата sвезда на Барселона, нема да патува со тимот на натпреварот против Динамо во Киев во Лигата на шампионите.
Покрај Меси, играчот за врска Френки Де Јонг исто така не е во конкуренција за гостување во Украина.
Тренерот на Барселона, Роналд Куман се обидел да објасни зошто ги нема во тимот.
„Одлучивме да не ги носиме Меси и Де Јонг во Киев затоа што сме во пријатна ситуација во Лигата на шампионите. Потребна им е пауза”, рекол Куман.
Факт е дека клубот од Ноу Камп има три победи од исто толку натпревари во елитното натпреварување, но и дека секако е направен чуден потег.
Динамо е далеку од противник кој треба да се потцени, посебно Меси заедно со Де Јонг да не биде барем на клупата.
А на пат се земени тројца јуниори – Инјаки Пенја, Мингуез и Конрад…
Тој натпревар е закажан за вторник во 20 часот и 45 минути.
🗒️ CONVOCATORIA
✈️ #DynamoBarça
🔵🔴 ¡Vamos #Culers! pic.twitter.com/hy2rb64FGt— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) November 23, 2020