По завршувањето на годинешната натпреварувачка сезона Игор Иџе Стефановски им се обрати на неговите навивачи но и целиот македонски народ…
„Крај на оваа сезона, сезона тешка пред се поради ова што ни се случува во моментов со ковид вирусот. Иако шансите за настап на секоја трка беа сведени на минимум благодарение на мојот тим и тимот PMA Motorsport од Италија, а пред се на Дане, Дени, Даниел и целиот Стефановски тркачки тим пробавме и успеавме да покрај сите препреки кои ги имавме да направиме врвни резултати со кои мислам дека ја претставивме нашата држава Македонија 🇲🇰 онака како што и доликува. Ова првенство е исклучително квалитетно првенство на едно високо ниво на автомобилисти кои се подржани од големи тимови и стварно сме горди што секогаш се бориме за висок пласман, останува за следната сезона што поскоро да обезбедиме буџет и заедно со нашите спонзори и партнери да одлучиме во кое првенство би се насочиле. Благодарност 🙏 до целиот Македонски 🇲🇰 народ за огромната подршка и се надевам наскоро со нова Европска титула 🏆😉“