(ВИДЕО+ФОТО) Џенифер Лопез изгледа како милион долари, но што е со косата?

Џенифер Лопез вчера беше sвезда на Американските музички награди. Имаше одличен секси настап, доминираше на црвениот тепих, покажа дека нејзиното тело изгледа брутално и со 50 плус, но – се надеваме дека нејзината нова фризура никогаш повеќе нема да влезе во мода.
Вчера се одржаа американските музички награди, а Џеј Ло, како и обично, ги привлече сите рефлектори на себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

За црвениот тепих, таа избра сребрен комплет од колекцијата Balmain за пролетта 2021 година, а многумина ќе изјават дека на неа изгледа уште подобро, со нејзините познати облини, отколку на моделот.

Сепак, што е со косата? И покрај одличната шминка, дивата изгледа малку накиснато.

Сепак, изгледот на влажна коса со причина веќе некое време не е на списокот на посакувани фризури, особено не во постудениот период.
Можеби низ историјата, некои жени успеале да го изнесат тоа во празнични прилики, а стилистите нè убедиле дека може да изгледа „како да сте излегле од морето“ – претежно се покажува дека е доста неуспешно, се заканува да го уништи целосниот стилајлинг и да ги натера дежурните хејтери да претпоставуваат кога таа коса последен пат била измиена.
Но, што велите на новиот имиџ на Џеј Ло? Дали успеала да помине како кул со ваква фризура?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(Рецепт) Манастирски напиток кој „крева од мртви“

Сè ќе ви биде јасно кога ќе ви кажеме дека главните состојки на лековитиот манастирски …