Почина, познатиот актер, Мустафа Надаревиќ

Познатиот актер, Мустафа Надаревиќ, почќина во 77. година после долга борба со тешка болест.
Веста за неговата смрт ја потврдил глумецот Моамер Касумовиќ за порталот Radiosarajevo.ba

Според споменатите медиуми, нему му бил дијагностициран рак на белите дробови, а неодамна бил пуштен од болница и бил во куќата во Загреб, а како што пишуваа медиумите, тој не ја напуштал куќата поради епидемиолошката состојба.
Мустафа Надаревиќ беше хрватски и босански театарски и филмски актер и режисер. Најпознат е по улогата на Изет Фазлиновиќ, во серијата „Луд збунет нормален“, каде ја играше главната машка улога.
Надаревиќ дипломирал глума на Загребската академија за театарска уметност и ја започнал својата театарска кариера како член на младинскиот театар во Загреб. Станува постојан член на ансамблот на Хрватскиот народен театар во Загреб во 1969. година.
Своето режисерско деби го имаше во 1992. година со претставата „Лет над кукавичјото гнездо“, а оттогаш постави неколку претстави, меѓу кои „Балкански шпион“ од Душан Ковачевиќ и „Збунетост“ од Алан Ајбурн во сатиричниот театар Керемпух и „Хасанагиница“ на Милан Огризовиќ ХНК и Националниот театар во Сараево.
Својата филмска кариера ја започна со споредни улоги во раните 1980-ти, а потоа се наметна како избор за главните улоги.
Вниманието на јавноста го привлече во 1985. година со улогата на Зијах во филмот „Татко на службен пат“ од Емир Кустурица, улогата на Михајло во филмот Горан Марковиќ „Веќе видено“ од 1987 година, улогата на Леон Глембај во филмот „Глембаеви“ од Антун Врдољак во 1988 година, за кој ја освои Златната арена во Пула за најдобар актер и во популарната серија „Луд, збунет, нормале“н, во режија на Елмир Јукиќ, каде го игра ликот на Изет Фазлиновиќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОВИДОТ Е ОКОЛУ НАС – Тапанарот на групата „Амадеус“ ПОЧИНАЛ од коронавирус

Тапанарот на популарната музичка група „Амадеус бенд“, Бојан Златановиќ, попознат под прекарот Токан, почина по …