Допрва не чека трет бран: Апокалиптично предвидување на СЗО

Специјалниот претставник на Светската здравствена организација (СЗО) за ковид-19 предвидел трет бран на пандемијата во Европа на почетокот на 2021 година, доколку владите го повторат неуспехот да сторат се што е потребно за да се спречи вториот бран…
„Сега имаме уште еден бран. Тие не ја изградија потребната инфраструктура во текот на летните месеци откако го ставија под контрола првиот бран на инфекција. Доколку не ја изградат потребната инфраструктура, ќе го имаме третиот бран на почетокот на следната година“, предупредил претставникот на СЗО, Давид Набаро, во интервју за швајцарските медиуми.
Ројтерс потсетува дека Европа за кратко имаше пад на бројот на заразени, но инфекцијата повторно се прошири, а Германија и Франција регистрираа зголемување на бројот на новоинфицирани за 33.000 во саботата, Швајцарија и Австрија имаат илјадници случаи на ден, додека Турција објави рекорден број на заразени дневно – 5,532.


Во своето предупредување за третиот бран, Набаро го издвои потегот на Швајцарија да дозволи скијање, со задолжително носење маски во гондоли и жичари, додека другите алпски земји ги затворија ски-центрите.
Официјалното лице на СЗО процени дека Швајцарија може да достигне „многу високо ниво на болни и мртви“.
„Штом стапката на инфекција падне а ќе падне, тогаш можеме да бидеме слободни колку што сакаме. Но сега? Треба да се отворат скијачки центри? Под кои услови?“, рекол Набаро.
Набаро ги пофали одговорите на азиските земји како Јужна Кореја, оценувајќи дека „луѓето се целосно ангажирани“ и „прифатено однесување што го отежнува ширењето на вирусот“.
„Тие држат дистанца, носат маски, се изолираат кога се болни, ги мијат рацете и лицето. Тие ги штитат најзагрозените групи“, рекол официјалниот претставник на СЗО, оценувајќи дека „реакцијата на Европа не била целосна“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Меркел подготвила нови, строги, мерки: Ќе ја „уништи“ корона до Божик

Поттикнати од желбата на канцеларката за „заеднички пристап“ во борбата против пандемијата на коронавирусот, премиерите …