ГЕРМАНСКИ НАУЧНИЦИ ОТКРИВААТ: Овој напиток помага во борбата против корона!

ГРУПА научници од Универзитетската болница во Есен откриле дека чаевите од одредени растенија имаат силно влијание и можат да ја потиснат активноста на вирусот корона, пренесуваат светските медиуми.
Вирусолозите ги инкубирале клетките на коронавирусот со билни чаеви направени од жалфија, перила и коријандер.
Додека ги подготвувале чаевите, се погрижиле течноста да зоврие, а потоа додале билки.
Тие стоеле два часа во вода топла на 60 степени Целзиусови за да обезбедат максимална сатурација со компонентите на растението.
Истражувачите откриле дека дури и краткорочна употреба на перила или жалфија е доволна за значително да се спречи размножувањето на вирусот.


Сепак, иако тие веруваат дека овие чаеви може да се користат во борбата против овој вирус, тие сметаат дека овие информации мораат подетално да ги испитаат други експерти.
Според последните податоци, повеќе од 58 милиони луѓе биле заразени со вирусот корона, додека повеќе од 1,3 милиони починале како резултат на КОВИД-19 болеста.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Меркел подготвила нови, строги, мерки: Ќе ја „уништи“ корона до Божик

Поттикнати од желбата на канцеларката за „заеднички пристап“ во борбата против пандемијата на коронавирусот, премиерите …