„ТЕШКА“ Е 400 МИЛИОНИ ДОЛАРИ, НО НЕ И СЕ ДОСТА: Џенифер Лопез покренува нови БИЗНИСИ!

Џенифер Лопез најавила дека ќе покрене свој бренд посветен на убавината. И додека за тоа рекла дека е како остварување на сонот за цел живот, латино дивата не планира да се задржи само на тоа.
Во интервју за списанието „WSJ“, пејачката открила дека само затоа што гради една империја не значи дека не може да гради уште три или четири. Познатата американска sвезда додава дека со својот вереник Алекс Родригез чувствува дека може сè.

„Зошто не би можела да изградам не една, туку три или четири деловни империи вредни милијарди долари?“, прашала Џенифер Лопез, велејќи дека е охрабрена од страна на нејзиниот вереник поранешниот американски бејзбол играч Алекс Родригез, да започне линија на производи за нега на кожата.


„Кога Алекс влезе во мојот живот, тој ми рече:’Ајде да создадеме твоја компанија за нега на кожата за убавина “. Тоа е твој сон, и ние ќе го создадеме заедно“, открива Лопез, велејќи дека нејзиниот вереник и ги отворил очите кон нешто ново во нејзината кариера.
Претприемничкиот дух што ги краси и двајцата е нешто што ги поврзува и ги води кон поголемо и подобро. Во интервју за списанието WSJ, Лопез отишла дотаму што рекла дека таа и Родригез се „близнаци по душа.

„Ние не ги знаеме границите и можеме да сториме се што ќе ни падне на ум. Тоа е запишано во нашата ДНК”, признава Лопез.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПОМАЛ БРОЈ ТЕСТОВИ ПА ПОМАЛКУ ЗАБОЛЕНИ: Во Македонија денеска се регистрирани 820 нови случаи на Ковид 19: Починати се 32 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани …