МУЗИЧКА ПОСЛАСТИЦА – Едно од најисчекуваните изданија во 2020. година: Новиот албум на Влатко Стефановски ‘Taftalidze Shuffle’

По исклучително успешниот акустичен албум Mother Tongue, светски познатиот гитарист Влатко Стефановски реши да се врати во звукот и атмосферата од 1970-тите. ‘Taftalidze Shuffle’ е новото студиско издание на македонскиот виртуоз, а 9. песни кои се снимени во неговото студио „Езотерија“ сигурно ќе ги воодушеват љубителите на добрата музика

‘Taftalidze Shuffle’ е ново студиско издание на македонскиот виртуоз, а 9. песни кои се снимени во неговото студио „Езотерија“ сигурно ќе ги израдуваат сите љубители на добрата музика. Влатко, како и многу досега, го посвети овој албум на своето Скопје и населбата Тафталиџе, што има посебно место во неговото срце, се вели во соопштението.
Песните се крајно интимни и лични, а сепак толку блиски до сите, токму поради сензибилитетот што го носи неговата музика. Авторството на музиката, текстот и аранжманот, како и продукцијата на сите 9. теми ги потпишува Влатко.

„Многу ми е тешко да зборувам за пандемијата и ситуацијата што не снајде. Сето ова време се обидував да останам конструктивен и да го задржам здравјето. За среќа, имам домашно студио, па поминав многу време во снимање песни за нов албум и сакал или не, се вратив на текстовите и звукот на седумдесеттите години кои секогаш ме фасцинирале. Навистина сум задоволен од резултатите и од фактот што успеав да снимам ваков албум во овие чудни времиња“, рекол Влатко.

Посебниот ритам на албумот го дава младата ритам секција која во оваа прилика му се придружила на Влатко, а го чинат неговиот син, Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас гитара.
„На овој албум соработував со мојата нова, млада ритам секција. Без оглед на возраста, двајцата звучат неверојатно млади и ентузијастички, а нивната енергија постојано ми даваше ветер во грбот. Убаво е да се свири со луѓе кои секогаш се насмеани и особено ми е драго што ова е првиот албум на кој работам со мојот син“, додал Влатко.

На албумот присуствуваа бројни музичари гости кои дадоа неизмерен придонес во музиката на Влатко. Одличната Андријана Јаневска ги отпеа придружните вокали, Теодосиј Спасов свири делови на труба инспирирани од Мајлс Дејвис, а Тихомир Поп Асановиќ свиреше на Хамонд оргуљи. Матија Дедиќ свири клавир на една песна, додека Васил Хаџиманов, Кирил Џајковски, Дамир Имери и Диран Тавитјан свиреле на клавијатури. Славниот актер Никола Ристановски имал рецитал во песната „Дијаспора“. Влатко Стефановски покажа ненадмината техника и уникатен сензибилитет подеднакво успешен во етно и рок, но и во блуз, фанк и џез – жанрови кои го обликуваа неговиот музички пат и го обележаа како уметник.

За време на неговата кариера, тој ја делеше сцената со најголемите гитаристи во светот, вклучувајќи ги Томи Емануел, Јан Акерман и Сточело Розенберг, а објавувањето на Taftalidze Shuffle уште еднаш ќе потврди дека Влатко навистина припаѓа на светската елита на гитаристи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПОМАЛ БРОЈ ТЕСТОВИ ПА ПОМАЛКУ ЗАБОЛЕНИ: Во Македонија денеска се регистрирани 820 нови случаи на Ковид 19: Починати се 32 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани …