(ВИДЕО) ЈуТјубер го земал болидот од 3. милиони евра на татко му и го уништил

Да бидат работите уште полоши, станува збор за Pagani Huayra роудстер кој е произведен во 100 примероци.
И секој од 100-те примероци е различен, па затоа не беше тешко да се пронајде сопственикот.
Тим Гилијан во јуни ја пополнил „својата ергела“ со Пагани, а сега автомобилот е подготвен за обемен ремонт благодарение на несовесниот син. Верувале или не, зад воланот на еден од најбрзите и најбруталните автомобили на денешницата се наоѓал 17-годишниот Гејџ Гилијан, кој стои зад YouTube каналот GG Exotics.
Автомобилот бил добро искршен, а предниот дел бил најмногу оштетен, кој останал без ниту едно тркало. Биле активирани и воздушните перничиња, а покрај браниците, возилото ја изгубило и вратата на возачот. Гејџ и неговиот совозач поминале без сериозни повреди.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Новогодишно изненадување од А1 Македонија

неверојатни 50GB мобилен интернет за корисниците на А1Neo M+ ексклузивнисмарт телефонипонајповолниуслови 20.000денари попуство А1 Combo …