1146140362

(ВИДЕО+ФОТО) После две тешки дијагнози Мајкл Џи Фокс објавил крај на кариерата

Мајкл Џи Фокс, најпознат по улогата во филмовите „Враќање во иднината“, отворено зборувал за најлошите денови во неговиот живот, велејќи дека се повлекува од својата актерска кариера поради здравјето.


Кога имал само 29 години му дијагностицирале Паркинсонова болест. Иако долго време се бореше со оваа состојба, пред две години доби уште една тажна вест – лекарите пронајдоа тумор на ‘рбетот, кој рапидно растеше, пренесува Кликс. Имал страшни болки, па речиси останал неподвижен.
Своите размислувања на оваа тема ги споделил во својата нова книга „Нема време како иднината“.

„Има време за сè, а моето работно време од 12. часа и сеќавањето на седум страници дијалог се зад мене, барем засега. Да бидам искрен со себе и со продуцентите, режисерите, уредниците, сценаристите и актерите, ќе кажам дека влегувам во втора пензија. Тоа може да се промени, бидејќи сè се менува“, напишал Фокс.


Наскоро ќе наполни 60. години, па затоа е целосно насочен кон семејството. Тој ужива во бракот со неговата сопруга Трејси Полан, со која е од осумдесеттите години, и е фокусиран на своите деца – синот Сем, близнаците Аквински и Шујлер, како и најмладата ќерка Есма.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПОМАЛ БРОЈ ТЕСТОВИ ПА ПОМАЛКУ ЗАБОЛЕНИ: Во Македонија денеска се регистрирани 820 нови случаи на Ковид 19: Починати се 32 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани …