(ФОТО) BMW: Ова е мини дневен престој на тркала

Компанијата BMW покажала како може да изгледа внатрешноста на автомобилот кога на дизајнерите ќе им се дадат одврзани раце и можност да размислуваат надвор од кутијата.
Претставен е концептот Mini Vision Urbanaut и BMW дал увид како нивните дизајнери замислуваат дека би изгледал автомобилот на иднината.
Во исто време, акцентот не е ставен на надворешноста, туку на ентериерот, кој повеќе потсетува на удобна дневна соба, а не на автомобил.

Со децении, ентериерите во автомобилите се базираат повеќе или помалку врз истиот принцип – напред има две одделни седишта кои не можат да се вртат наназад, додека во задниот дел има седишта за две или три лица зад кои се наоѓа багажникот.
Таквиот тесен и ограничен ентериер не остава премногу простор за експерименти, како што тоа го направи BMW со Vision Urban, па од сликите е јасно дека на дизајнерите им е дадена целосна слобода.


Во Mini Vision Urbanaut, седиштата може да се прилагодат така што, наместо предните седишта и задната клупа, да добиете удобни фотелји (предната страна може да се сврти наназад) и софа, откако ќе се спуштат потпирачите за грбот
Иако, според сликите, би можеле да заклучиме дека станува збор за прилично долго возило, со паметно користење на просторот во БМВ, тие успеаја да ја сместат мини дневната соба во простор долг само 4,46 метри.

Погледнете ги сликите од ентериерот.

Интересен детал е можноста за спуштање на контролната табла и воланот, при што предниот дел станува како мал шианк, додека предното стакло може да се подигне, па патниците да можат да се чувствуваат како на балкон, потенцира германската компанија. Логично, споменатите иновативни опции како што се ротирање на седиштето, подигнување на шофершајбната и слично е можно да се користат само кога возилото е паркирано, а не за време на возењето.

Треба да се нагласи дека ова е концепт што веројатно нема да се појави на патиштата – барем не толку брзо или во оваа форма.
Дизајниран е како целосно автономно возило со електричен мотор (деталите не се објавени), но доколку сакаат и „возачите“ можат да ја преземат контролата врз воланот и возилото.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Новогодишно изненадување од А1 Македонија

неверојатни 50GB мобилен интернет за корисниците на А1Neo M+ ексклузивнисмарт телефонипонајповолниуслови 20.000денари попуство А1 Combo …