Детален водич: Како во налетот на корона да го зајакнете имунитетот

За разлика од нас, короната во никој случај не е уморна и, како што покажуваат бројките од ден на ден – станува се’ посилна. Затоа е исклучително важно да се зајакне имунитетот кој е наш штит од разни болести. Ги издвојуваме најважните ставки на тој пат што треба да се следат и во пандемијата и надвор од неа.
Витамин Д
Витаминот Д е многу важен за нашето здравје, но сега станува се поистакнат, бидејќи се покажало дека е одличен за зајакнување на имунитетот во борбата против ковид 19.
Вообичаената препорачана дневна доза на витамин Д за бебиња до една година е 10 микрограми, за деца, бремени жени, доилки и возрасни 15 микрограми и за над 70 години 20 микрограми. Дозата од 10 микрограми е всушност 400 IU витамин Д. Сепак, во овие денови на борба со короната, многу експерти препорачуваат многу витамин Д, па неодамна познати имунолози истакнуваат дека овие денови дозата на овој витамин мора драстично да се зголеми.

Покрај додатоците, многу е подобро да го нахраните организмот со витамин Д доколку се сончате 10 до 30 минути неделно во текот на летото. И бидејќи е мрачно овие денови, фатете ги сончевите зраци секогаш кога е можно, барем малку во текот на денот кога ќе ги пробијат облаците. Јадете риба, морски плодови, печурки, жолчки и друга храна богата со витамин Д.

Храна богата со витамин Д
* масло од црн дроб на бакалар – 15.000 IU витамин Д во 100 гр
* конзервиран лосос – 1.260 IU витамин Д во 100 гр
* одгледувана пастрмка, печена – 1.140 IU витамин Д во 100 гр
* печурки изложени на ЗВ зраци – 786 IU витамин Д во 100 гр
* скуша 684 – IJ витамин Д во 100 гр
* сардини во масло, исцедени – 288 IU витамин Д во 100 гр
* пржено јајце – 88 IU витамин Д во 100 гр
* полномасно млеко – 52 IU витамин Д во 100 гр
* варено говедско месо – 16 IU витамин Д во 100 гр
* јогурт – 36-50 IU витамин Д во 100 гр


Витамин Ц
„Овој витамин учествува во многу процеси во организмот, но тој е особено важен за имунитетот, во спречување и одложување на појава на некои видови карциноми, кардиоваскуларни болести, други состојби како резултат на оксидативен стрес, метаболизам на протеини, зараснување на рани, апсорпција на железо“ препорачуваат имунолозите
Тие истакнуваат дека храната е најдобар извор на витамин Ц, пред се црвена и зелена пиперка, портокали, грејпфрут, лимон, киви, брокула, прокељ, домати, јагоди и спанаќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПОМАЛ БРОЈ ТЕСТОВИ ПА ПОМАЛКУ ЗАБОЛЕНИ: Во Македонија денеска се регистрирани 820 нови случаи на Ковид 19: Починати се 32 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани …